Во Домот на Армијата на Република Македонија денеска во 20:00 часот ќе биде отворена традиционалната изложба „Голем формат“ на ДЛУМ.
На годинашната изложба ќе се претстават уметниците: Никола Пијанманов, Стефан Анчевски, Мице Јанкуловски, Мила Добревска, Јоана Арсовска, Душан Георгиевски, Слободан Живковски, Зулејха Зубери, Валентина Илијевска, Јана Јакимовска, Перо Кованцалиев, Нела Јанковска, Марина Лешкова, Ангелица Стојковиќ и Златко Пецов.
Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам, а ќе биде отворена за посетители до 6 ноември.