Во Музеј-галерија Кавадарци на 14 февруари, во 19:00 часот, ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба со наслов „Боите на Св. Трифун низ сликите на ликовните уметници од Македонија“.
Во рамките изложбата посетителите ќе можат да видат 76 сликарски дела и шест скулптури на 39 ликовни уметници. Делата се изработени со најразлични техники, како: масло на платно, акрил, цртеж на хартија, комбинирана техника, скулптура итн.
Дел од имињата на учесниците на изложбата се: Стефан Хаџи-Николов, Решат Амети, Милан Андов, Трајче Чатмов, Синиша Кашавелски, Микица Трујкановиќ, Горјан Ѓорѓиев, Владимир Темков, Касиопеја Наумовска, Томе Мишев и други.
Музеј-галеријата Кавадарци изложбата ја реализира во соработка со Министерството за култура и туризам и Општина Кавадарци во чест на верскиот празник Св. Трифун.