Во чест на 121-годишнината од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ – темелникот на македонската државност, во НУ Музеј на македонската борба за самостојност на 31 јули, среда, во 19:30 часот ќе биде поставена изложбата „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески“.
Во рамките на изложбата, пред јавноста ќе бидат претставени 24 скици и цртежи изработени од познатиот уметник Борко Лазески, коишто послужиле како план за монументалната фреска „Илинден 1903“.
Автор на изложбата е Марија Коробар.
Изложбата се организира во соработка со Асоцијацијата за култура ИКОН од Скопје, а ќе биде отворена до 30 ноември 2024 година.