„Во текот на 1980-тите и на почетокот на 1990-тите, Чемерски често престојуваше во Париз, каде што беше застапуван од галеријата Galerie du Fleuve (1983 – 2003). Постојано присутен на тамошната ликовна сцена, во тој период Чемерски реализираше повеќе изложби во таа галерија. Најголем дел од цртежите и гвашевите претставени на оваа изложба се неизложувани дела, интимни формати од колекцијата на Galerie du Fleuve, создадени во тој период“, велат организаторите на изложбата.
Изложбата е во организација на Галерија ГРАЛ и Младинскиот културен центар во Скопје. Куратор на изложбата е Елена Чемерска.Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Europe House- Скопје.