Во Македонскиот КИЦ во Загреб е во тек изложбата „Неоматерјални изрази“, дело на седморица автори: Богдан Грабулоски Бонач, Виолета Блажеска, Софија Грабулоска, Јасмин Руневска, Дарко Талески, Мирјана Тромпеска и Методије Јорданоски.
Според авторите, изложбата е комбинирање на материјалноста и новата пост-дигитална материјалност наречена нематеријалност, термин воведен од Кристијане Пол во 2015 година. На изложбата се претставени цртежи изработени со традиционални уметнички техники, надградени со дигитална интервенција. Во процесот учествуваше компјутерскиот инженер Мирјана Тромпеска.
Овој проект, како што беше нагласено на отворањето на изложбата, претставува постојана промена, односно за секоја изложба се подготвуваат различни цртежи и се развиваат различни форми на презентација.
На изложбата освен претставниници на македонската заедница, уметничката заедница, присуствуваше и амбасадорот Милаим Фетаи.