Во периодот од 17 до 23 јули во Смилевскиот манастир ќе се одржува третото издание на Фестивалот на алтернативна фотографија „Зрно“. Изложбите, проекцијата и концертот се реализираат преку соработка меѓу Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ и НУ Смилевски конгрес.
В сабота (20 јули) во село Смилево ќе бидат отворени изложбата на алтернативни фотографии „Вратнички на улишта“ на Миша Кескеновиќ, Сежана, Словенија, и изложбата на алтернативни фотографии на фотоклубот „Ирис“, Темишвар, Романија. Потоа следува проекција на отворено на филмот „Манаки – приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски, дел од програмата на патувачкото кино на „МакеДокс“ и за крај камерниот концерт „Сиот тој џез“ во смилевската кооперација.