Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје освои златен медал на 23-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска, БиХ, во конкуренција на мешани хорови од регионот.
Хорот, под водство на маестра Јасмина Ѓорѓеска, на Фестивалот се претстави со четири композиции од домашни и од странски автори.
При доделување на наградата, членовите на жирито го пофалија напорот и ангажманот на членовите на хорот, истакнувајќи го исклучителниот труд и музички талент. Хорот „Вардар“ во своето 24-годишно постоење, со посветеност и ентузијазам ја промовира хорската музика во Република Македонија и во странство, постигнувајќи бројни награди и признанија.
Учеството на Фестивалот беше поддржано од Министерството за култура.