Националната филхармонија в четврток (13 јуни) во 20:00 часот ќе го реализира традиционалниот концерт под наслов „Звукот на идната генерација“, на кој настапуваат студенти од државните факултети за музика.
Под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски, заедно со оркестарот на Филхармонијата ќе настапат младите таленти: Емилија Богоевска – виола, Јана Каевска – флејта, Дарко Кулевски – хармоника, Александра Кировска – гитара, Ивана Здравкова – виолина, Нина Крагуевска – кларинет и пијанистките Ана Гаштаровска и Искра Атанасова Митуш.
На програмата се комплексни и инспиративни дела од: Хофмајстер, Мартен, Зубицки, Кастелнуово-Тедеско, Сарасате, Бетовен, К. М. фон Вебер и П. И. Чајковски.