Започнува Неделата на јапонскиот филм

од admin_kult

Во Кинотеката на РС Македонија вечер (25 ноември) започнува манифестацијата „Недела на јапонскиот филм“, која ќе трае до 29 ноември. На програмата на вечерашното отворање е филмот „Враќањето на Даимаџин“, во режија на Кенџи Мисуми.

Од Кинотеката информираат дека „циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија“.

„Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, туку и увид во културните, историските и социјалните промени што го обликуваат јапонското општество. Програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела и експериментални форми, претставувајќи ги новите имиња и таленти на јапонската кинематографија. Нивната креативност, посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, социјалните прашања и модерниот живот го прават овој циклус особено актуелен и релевантен за денешната публика“, информираат од Кинотеката. Селектор на програмата е Бојан Станишиќ, уредник на филмската програма при Кинотеката.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе