Под мотото „Македонистички гордорек“, од денеска во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид почнува 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на која ќе учествуваат 65 македонисти од 17 земји.
На Летната школа која ќе се одржува до 29 август, македонистите од Албанија, Бугарија, Италија, Јапонија, Кина, Полска, Р. Кореја, Романија, Руска Федерација, САД, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Чешка Република, ќе ги изучуваат македонскиот јазик, литература и култураа. Во рамки на Летната школа за првпат годинава ќе бидат доделени и наградите „Воздејства“.
На 30 и 31 август пак ќе се одржи 51. Меѓународна научна конференција, со чествување на јубиларите, великани на македонската култура: Крсте Мисирков, Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски. Слоганот на 51. Меѓународна научна конференција „75 за 75“ е во знакот на 75 години јубилеј од основањето на УКИМ, а се однесува на „75 реферати за 75 години УКИМ“. Годинава, на конференцијата ќа настапат 81 учесник, а на целокупната манифестација во Охрид, околу 150 македонисти ќе ја развивааат мисијата на македонистиката и Меѓународниот семинар.
По конференцијата, ќе се објават и два зборника: Предавања од 57. Летна школа и Зборник од 51. Меѓународна научна конференција. Досега, на Летните школи учествувале над 4000 семинаристи македонисти од над 60 земји, а интересот за Летната школа и конференцијата е сè поголем.
Летната школа се организира со голема подршка од ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова и Ректоратот на УКИМ. Главен финансиски поддржувач на манифестацијата е Министерството за култура и туризам, а дел од програмските активности ќе се реализирааат и со поддршка од Општина Охрид.