Заменик-министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска се сретна со организаторите на меѓународниот фестивал „Фолкфест Скопје“ и со претставници од 15 различни земји од целиот свет.
„Нашето Министерство за култура и туризам е гордо што ја поддржува оваа извонредна манифестација која го слави богатото фолклорно културно наследство и традициите од различни земји во светот“, изјави заменик-министерот Сулејмани.
Меѓународниот фолклорен фестивал, „Фолкфест Скопје“ се одржа од 21 до 24 јули во Скопје, а започна со фолклорно дефиле што се одвиваше од Старата скопска чаршија до Музејот на Град Скопје, по што продолжија концертните настапи на плоштадите „Македонија“, „Карпошово востание“ и „Скендербег“.