„Заедно како едно“ е насловот на првата ликовна колонија која од 26 до 30 мај се одржува во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул.
На колонијата учествуваат девет ликовни уметници од земјава: Јана Манева-Чупоска, Јелдез Асани, Љуљзиме Лека, Ана Трајковска, Дренуша Палоши, Енеса Мемети, Катерина Таневска , Акиме Насуфи-Реџепи и Ебру Селман.
Делата создадени за времетраењето на колонијата „Заедно како едно“ ќе бидат изложени во КИЦ – Истанбул на 30 мај, за кога е и најавено отворањето на оваа мошне разнолика и интересна изложба.