Во рамки на 61.„Рацинови средби“, денеска во 14 часот се одржува трибината на Анде Д. Јанков, „Приказните и раскажувањето“ , во библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес. Во 19 часот ќе биде положено цвеќе пред спомениците на Рацин, во гимназијата „Кочо Рацин“. Во 20 часот свечено ќе биде доделено „Рациновото признание за 2024 година“ , а беседа за Рацин ќе одржи проф. д-р Михајло Марковиќ. Предвиден е и поетско-сценски перформанс во чест на Рацин што ќе се одржи во Спомен – костурницата во Велес.
Утре, на 20 јуни, во 10 часот на „Отворниот ден во куќата на Рацин“, ќе се одржи промоција на стихозбирка на Ирена Павлова Де Одорико, како и поетско читање на стихови од Рацин.
Во 12.30 часот е трибината на Владимир Илиевски „Книжевниот превод – прозорец кон светот“, во Европска куќа во Велес, а во 20 часот ќе биде свеченоста на доделување на „Почесното Рациново признание за 2024 година“ на Анамарија Цинеге Панзова, како и Меѓународниот поетски митинг. Манифестацијата завршува со концерт на ДНК, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Мина Блажев, Марија Спасовска,Адријана Јаневска, во Младинскиот парк.