Во просториите на Чифте амам денеска ќе се одржи завршна изложба на инклузивниот проект „Замисли желба“.
Едукативното одделение на Националната галерија на Република Северна Македонија во изминатиов период организираше креативни работилници со тема врзана со претстојните празници.
Тематски мотив на работилниците, како што велат од Националната галерија, беше изработката на лампиони и други декорации.
За да се надополни претпразничното расположение, на изложбата со своја програма ќе се претстават учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.