„Епиграфиката поблиску до јавноста – нова работилница во рамки на проектот „Прометеј’“

од admin_kult

Државната секретарка во Министерството за култура и туризам Марија Станчевска, Ѓоргова денеска ја отвори Втората работилница во рамки на проектот „Прометеј“, посветена на темата која со право добива сè поголемо внимание – ширењето на епиграфското наследство и развојот на публиката.

„ Проектот „Прометеј“ и денешната работилница имаат за цел не само да се продлабочи стручната соработка помеѓу археолозите, историчарите, лингвистите и музејските работници, туку и да ја отвори вратата кон пошироката публика – да ја направи епиграфиката пристапна, разбирлива и инспиративна за секој граѓанин“, рече Ѓоргова.

Таа додаде дека Министерството за култура и туризам го поддржува овој проект кој е кофинансиран преку програмата Креативна Европа, и претставува исклучително позитивен пример за транснационална соработка во областа на дигиталната епиграфика и културата.

„Веруваме дека ваквите иницијативи треба да бидат поттик и за другите културни и образовни институции во нашата земја да ги користат можностите што ги нуди програмата Креативна Европа, со цел создавање одржливи, иновативни и меѓународно релевантни културни проекти“, рече Ѓоргова.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе