Тетовски Театар вечерва од 20:00 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Европски сон“ по текст на Јетон Незирај, а во режија на Блерта Незирај.
Главните улоги во претставата ги толкуваат Арлинд Селими, Бурхан Амити, Јетмир Арифи, Линда Шабани, Мерита Лимани Мустафа и Шкумбин Зеќири.
Претставата ќе се игра на големата сцена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“, а утре (23 јуни) исто така од 20 часот е репризата.
Режисерката Незирај студирала театарска режија на Универзитетот во Приштина (БА), а магистрирала на Универзитетот во „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.