Драмски театар отвори јавен повик за драмски текст, за востановената награда „Горан Стефановски“, за најдобар текст од македонски млад автор до 30 години.
– Наградата треба да го стимулира драмското творештво на младите автори кои низ изведбите ќе живеат на сцената на Драмскиот театар, претстави кои ќе го отсликуваат времето во коешто живееме – рече директорот Вељановски.
Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар.
Рокот за поднесување пријава и друга потребна документација е 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот.
Конкурсот за оваа година е отворен од денеска, 6 февруари, и ќе трае до 20 февруари.