Драмски театар Скопје гостува со претставата „Драми на принцезите“ на фестивалот РУТА во Љубљана

од admin_kult

Драмски театар со претставата „Драми на принцезите“ во сабота на 1 февруари гостува во Љубљана, Словенија каде од 29 јануари до 3 февруари во организација на Местно гледалишче Љубљана се одржува словенечкото издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.

Во претставата играат: Јелена Жугиќ, Нина Елзесер, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Сара Кимовска, Трајанка Илиева Вељиќ, Ивана Павлаковиќ и Јасмина Василева.

„Драми на принцезите“ е претставата работена по циклусот постдрамски текстови „Драми на принцезите“ со поднаслов „Смртта и девојката“ на нобеловката Елфриде Јелинек. Преводот од германски јазик го направи Катерина Шекутковска.

Во уметничкиот тим што работеше на претставата е трочлена екипа од млади и талентирани уметници од Словенија. Режијата е на Жива Бизовичар, прв драматург е Ник Жнидаршиќ. Втор драматург и редакција на превод: Викторија Рангелова – Петровска. Сценограф и автор на музика е Јан Крмељ. Костимите се на костимографот Александар Ношпал.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе