Aнсамблот на Драмскиот театар на 13 февруари, во рамките на Меѓународниот фестивал „РУТА Група Триглав“ во Љубљана, ќе ја изведе претставата „Мојот маж“, која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска.
Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.
Претставата е во режија на Нела Витошевиќ и има освоено повеќе награди: за севкупен уметнички ангажман на авторот и актерите; за главна женска улога – Наталија Теодосиевска; за драматизација – Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска; за костимографија – Роза Трајческа-Ристовска.