Со филмот „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата музичка легенда, гитаристот Карлос Сантана, вечер во 21:00 часот во киното „Мирно лето“ во Кинотеката ќе биде отворено 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Филмот се осврнува на животот на големата ѕвезда, кој од уличен музичар на 14 години стана седумкратен добитник на наградата „Греми“.
До 4 јули проекциите на филмовите ќе започнуваат во 20:15 часот во летното кино, а доколку има врнежи, проекциите ќе бидат префрлувани во киносалата на Кинотеката.