Во просториите на ДПМ утре свечено ќе бидат доделени традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2024 година.
Добитници на наградите се: Жарко Кујунџиски, за збирката раскази „Приказничар“ во издание на „Антолог“ (награда „Стале Попов“, членови на жири-комисијата: Лилјана Пандева, Петар Андоновски, Блаже Миневски); Иван Џепароски, за збирката песни „Посвети и пофалби“ во издание на „Дијалог“ (награда „Ацо Шопов“, членови на жири-комисијата: Катица Ќулавкова, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Влада Урошевиќ); Иван Антоновски, за книгата за деца „Бакнежи на небото“ во издание на „Едиција Светулка“ (награда „Ванчо Николески“, членови на жири-комисијата: Билјана С. Црвенковска, Мито Спасевски, Александра Велинова); Наташа Аврамовска, за збирката есеи „Книжевни паметници“ во издание на Институтот за македонска литература (награда „Димитар Митрев“, членови на жири-комисијата: Лидија Капушевска-Дракулевска, Дејан Трајкоски, Санде Стојчевски); Гордана Јовиќ-Стојковска, за романот „Била једном једна кућа“ во издание на „Слово љубве (награда „Мост“, членови на жири-комисијата: Сеида Бегановиќ, Тихомир Јанчовски, Лејла Шериф-Емин).
Настанот со кој Друштвото на писателите ќе одбележи 78 години од своето основање ќе биде збогатен со настап на „Добрила и Дориан дует“.