Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“ го објави изборот на најдобри преводи на драмски дела на европско ниво за 2023 година, меѓу кои се и три преводи на македонски јазик.
Наградени се македонските преведувачи Марио Стојаноски, Мирјана Илиева-Јашари и Сашо Огненовски.
„Македонскиот комитет на Еуродрам разгледа вкупно деветнаесет предложени драмски преводи на македонски јазик, од кои како најдобри ги избра: „Папагал“ од Данило Киш, превод од српски на Марио Стојаноски, „Бордел Балкан“ од Јетон Незирај, превод од албански на Мирјана Илиева-Јашари и „Ако се разбудиш или како да е тоа важно“ од Исидора Милосављевиќ, превод од српски на Сашо Огненовски“, велат од „Еуродрам“.