Со книжевна вечер на академик Влада Урошевиќ и српската авторка Даница Вукиќевиќ – добитничка на Ниновата награда, денеска во 20:00 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово започнува Меѓународниот фестивал „Денови на прозата“.
На Фестивалот ќе учествуваат автори од Македонија, Србија, Словенија и од Бугарија.
Утре, пак, во 12 часот ќе се одржи работилница за деца од пониските одделенија, што ќе ја води Елена Величковска. Потоа ќе биде промовирана книга на писателката за деца Јулија Величковска. Во 17:00 часот ќе се одржи тркалезна маса на која за преводите ќе дебатираат: Петар Андоновски, Саша Пуљаревиќ од Словенија, Катица Гаровска, Елена Алексиева од Бугарија. Водител е Владимир Јанковски.
Фестивалот се одржува со финансиска поддршка од Министерството за култура.