Дела од скулпторот Синиша Новевски претставени пред хрватската јавност

од admin_kult

„Мистерија и индивидуализам“ е наречена самостојната изложба на уметникот Синиша Новески што беше отворена во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб.

Во изложбениот простор на Информативниот центар беа претставени 12 скулптури од творештвото на Новески, чии многубројни дела се изложени во јавен простор и се дел од приватни колекции во државава, како и  во Србија, Бугарија и во Соединетите Американски Држави.

Во присуство на голем број гости, изложбата за отворена ја прогласи проф. д-р Милаим Фетаи, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна  Македонија во Република Хрватска.

Изложбата е дел од календарот на настани во доменот на културната дипломатија на Националната галерија. Куратор на изложбата, која се реализираше со поддршка од Министерството за култура, е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.

За хрватската публика, припадниците на македонската дијаспора и сите љубители на уметноста, изложбата ќе биде достапна до 30 мај.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе