Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечер во 19:00 часот ќе биде отворена изложба на дела создадени на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во изминатите две години. Ќе бидат претставени дваесетина дела кои ќе понудат увид во креативниот творечки процес на талентираните уметници од различни делови на светот.
Изложбата е резултат на напорите на организаторот на Колонијата, Домот на културата „Крсте Мисирков“ од Свети Николе, да одржи континуитет во работата на Колонијата.
Изложбата ќе биде поставена до 7 ноември.