Декември – месец на јубилеи и филмски класици во Кинотеката

од admin_kult

Декември во Кинотеката ветува богат филмски репертоар кој ќе ги задоволи вкусовите на сите љубители на седмата уметност. Овој месец е посветен на јубилејни проекции на македонски филмови и култни светски остварувања, како и на прикажување на актуелните фестивалски хитови.

Во рамките на јубилејни проекции на македонски филмови, декемвриската програма ќе ја збогатат проекциите на македонските филмови: „До Балчак“, „Бал-Кан-Кан“, „Мис Стоун“, „Како убив светец“, „Тони Манџа“, „Бубачки“, „Големата вода“, „Созерцание“ и „Илузија“. Покрај јубилејните остварувања, на големото платно ќе бидат прикажани и два од најактуелните годинашни фестивалски хитови – „Супстанца“ и „Анора“.

Месецот ќе биде дополнително збогатен со одбележување на два големи филмски јубилеја – 35 години од култниот југословенски филм „Како пропадна рокенролот“ и 25 години од премиерата на иновативниот филм „Да се биде Џон Малкович“, ремек-дело на Спајк Џонз.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе