„Дедо Мраз во веселата шума“, нова премиера на Кумановскиот театар

од admin_kult

Кумановскиот театар вечер (19.12.2024 г.), со почеток во 18:00 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев, премиерно ќе ја изведе новогодишната детска претстава „Дедо Мраз во веселата шума“.

Во претставата играат: Владанка Крстевски, Нина Максимова, Никица Јанковски и Марко Трајковиќ, а режисер е Кети Дончевска Илиќ. Сценографија е на Крсто Богојевски, а костимите се на Дарко Илиевски.

Директорот на НУ ЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски, информираше  дека е ова последна претстава со која ќе се заокружи успешната 2024 година, со шест премиери, четири поддржани од ресорното министерство и две реализирани од сопствени средства.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе