Деветто издание на Филмскиот фестивал „Киненова“

од admin_kult

Со македонска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски ќе биде отворено деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, кој од 16 до 20 октомври ќе се одржи под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“.

Деветтото издание на „Киненова“ носи шест авторски остварувања од различни кинематографии, а оваа година „Фокус на…“ е на финската кинематографија. 

Оваа година ќе се одржи и работилница за развој на идеи и сценарија за кратки филмови кои се засноваат или се инспирирани од реални случувања, конкретен настан или постоен лик. Работилницата ќе ја води професорката, драматург и сценарист од Атина, Ерини Демирцаки.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе