Авторскиот филм и годинава ќе биде во фокусот на 19. Интернационален филмски фестивал „Астерфест“ што ќе биде отворен на 1 август (20:30 часот), во Амфитеатарот во Струмица. Фестивалот ќе го отвори хрватскиот филм „Човекот кој не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ.
Лауреат на наградата „Астер“ на овогодишниот „Астерфест“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митриќески, кој оваа престижна награда ја добива за неговата исклучителна филмска поетика и естетски вдахновениот и минуциозен филмски опус. Наградата ќе му биде доделена на Митриќески на самиот чин на отворањето на „Астерфест“.