Со претставата „Отворен пар“ од Дарио Фо и Франка Раме, во режија на Сулејман Рушити и во изведба на актерите од Гостиварскиот театар и од Театарот „Александар Мојсиу“ од Драч, вчера во Центарот за култура во Дебар започна 23. издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.
Во следните денови, пред дебарската публика ќе се претстават театарски куќи од: Скопје, Тетово, Гостивар, Драч, Подујево и Прешево. На последната фестивалска вечер ќе биде одиграна претставата „Графити“ од Мехмет Краја во изведба на театарот од Прешево, по што ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка.
Фестивалот, кој се одржува до 30 септември и се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам и од Општина Дебар, е последна од повеќето активностите во рамките на манифестацијата „Дебарско културно лето 2024“.
,