Со премиера на долгометражниот игран филм „М“ на Вардан Тозија, в четврток (13.7.2023 г.) во паркот на МКЦ ќе биде отворено 22. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.
Во шесте фестивалски денови, под слоганот „Муви најт“, ќе може да се проследат над 40 филмски наслови од најновата европска филмска продукција, кратки филмови. Ќе присуствуваат над 50 гости, ќе има три музички настани, а ќе се одржат и седум работилници. Проекциите ќе се одржуваат во паркот зад Младинскиот културен центар, во киното Фросина и во летното кино на отворено во Кинотеката.
На 18 јули Фестивалот ќе биде затворен со премиерата на уште еден македонски филм – „Бизнисот на задоволството“ во режија на Гоце Цветановски.