Гран при на „Мал битолски Монмартр“ за ателјето „Професор Вејсел Аџар“ од Трабзон, Турција

од admin_kult

Ученици, членови на ателјето на професорот Вејсел Аџар од турскиот град Трабзон се годинaшни добитници на највисокото признание, наградата Гран при што ја доделува Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола за најдобро училиште и најдобра колекција за светската детска ликовна изложба на претстојниот „Мал битолски Монмартр“.

Со одлука на жирито, големата награда „Чувар на наследството на Коста“ за исклучителен придонес во развојот на мисијата на основачот на организираната форма на оценување и грижа за уметничкиот талент кај младите уметници и талентирани студенти, годинава се доделува на ликовниот уметник Мариа Дима од Романија.

На годинашното 44. издание на „Мал битолски Монмартр“ ќе учествуваат над 180 ученици и ликовни педагози, од 18 држави во светот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе