Голема балканско-европска турнеја на МНТ

од admin_kult

Балканско-европска турнеја на МНТ во рамките на одбележувањето на 80-годишнината од градењето и создавањето. Турнејата на МНТ ќе започне со најактуелните претстави од големата и од малата сцена, а тоа се претставите: „12“ по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов и „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Предвидени се два блока гостувања надвор од границите, како и гостувања во нашата земја.

Во првиот блок се гостувањата во Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Србија, како и во нашата земја, додека во вториот блок, кој започнува наесен, се гостувањата во Унгарија и во Р Бугарија.

Ова нека не биде само патување низ простор и време туку и патување низ душата на уметноста, која ќе нѐ потсети дека театарот е одраз на животот во неговата најчиста форма.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе