Во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево и Општина Делчево се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Голачки фолклорни средби 2024 година“.
На летната сцена пред Спомен-домот АСНОМ, учествуваа 12 културно-уметнички групи и ансамбли, оркестри, пејачки групи и инструменталисти од земјата и странство.
Организатори на „Голачките фолклорни средби“ се Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево со финансиска поддршка од Министерство за култура, а под покровителство на Горан Трајковски, градоначалник на Општина Делчево.