Германскиот гитарист Рајхенбах со концерт на „Охридско лето“

од admin_kult

Музичката програма на 64. издание на Фестивалот „Охридско лето“  продолжува  вечер (16.7.2024 г.) со концерт на Герхард Рајхенбах, еден од водечките германски класични гитаристи.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21:00 часот.

Рајхенбах дебитира како солист во 1980 година во Дизелдорф, а на интернационалната сцена првпат настапува во 1990 година на Фестивалот за гитара во Волос, Грција. Оттогаш, над 40 години одржува концерти како солист, со оркестар и на многубројни фестивали кои го носат, меѓу другите, и на сцената на Берлинската филхармонија и во Интернационалната куќа на музиката во Москва.

Репертоарот на овој уметник содржи над 35 рецитали и многубројни концерти за гитара и оркeстар.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе