„Генеза на хроничната мистерија“ е наречен мултимедијалниот проект на уметникот Емил Солески што ќе се реализира денеска, 23 јули, од 20:00 ч. во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Станува збор за мултимедијален триптих што претставува алегорија за губењето на идентитетот. Инаку, триптихот ќе се формира со проекција на видео- и аудиоматеријал врз три архаични форми поставени просторно, ликовни метафори.