На 26 јуни со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи гала балетски концерт во рамките на фестивалот „Скопско лето“ 2024.
На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Олга Панго и Дејан Прошев. Концерт-мајстор е Климент Тодороски, а репетитори се: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша Евтимова, Дафина Данилоска Кочевска, Васил Чичиашвили и Наташа Јосифовска.
Гала балетскиот концерт ќе ги опфати најубавите балетски дела, како: „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски, „Дон Кихот“ од Л. Минкус, „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски, „Оревокршачка“ од П. И. Чајковски, „Рајмонда“ од А. Глазунов и многу други.