Во просторот на КСП Центар – Јадро е во тек четвртото издание на „ОКО“ – аматерска филмска работилница со режисерката Марија Џиџева.
„ОКО“ e аматерска филмска работилница за филмски разговори и креации каде што учесниците ќе имаат можност да добијат основни познавања за филмска писменост и преку практична работа да осмислат и да креираат кратки филмски етиди.
Работилницата е дел од Годишната програма на Културно-социјалниот простор Центар – Јадро, финансиски поддржана од Минсистерството за култура, а креираните филмски етиди ќе бидат дел од годинашното издание на Маалскиот фестивал на КСП Центар – Јадро.