Во Штип ќе се одржат уметничка резиденција и фестивал

од admin_kult

Од 27 до 31 август во Штип ќе се одржи третото издание на проектот „ВИА – Вртешка интердисциплинарни активности“, кој обединува над 40 млади уметници и креативци од државава и од регионот.

Овој проект е во организација на Здружението „Купола“ во соработка со Домот на младите од Штип.

Организаторите појаснуваат дека „ВИА – Вртешка интердисциплинарни активности“ е уметничка резиденција и фестивал што ќе се одржуваат во прекрасниот пејзаж околу планинарскиот дом „Вртешка“ на планината Плачковица.

Програмата опфаќа над 90 часа уметнички активности што ќе се одвиваат на отворен простор, вклучувајќи изложби, концерти, театарски претстави, работилници и други креативни зони. Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе