Во Центарот за култура во Прилеп ќе се одржи проектот „Пијан славеј“

од admin_kult

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер (20 ноември) во 19:00 часот ќе се одржи поетско-шлагерскиот перформанс „Пелагониска плетенка“, при што ќе биде презентиран проектот „Пијан славеј“
(нова македонска шансона). Ќе настапат Бранислав Николов и актерот Игор Трпчески.

Бранислав Николов, како дел од групата „Фолтин“, зад себе има десетина студиски изданија, музика за над триесет театарски претстави и неколку филмови. Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во Европа и пошироко. За својата работа досега е повеќепати наградуван.

Игор Трпчески дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин во 1997 година, а во 2005 година специјализирал режија на Националната академија за театарска и филмска уметност НАТФИЗ во Софија, Бугарија. Како актер има учествувано во над 40 театарски претстави на матичната сцена и во неколку продукции како гостин во различни театри низ државава.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе