Оркестарот на Филхармонијата в среда во 12 часот премиерно ќе го изведе концертот за деца „Оловното војниче“ на музика од македонскиот композитор Филип Иванов. Диригент е Борјан Цанев, а наратор, актерот Мартин Јордановски.
Премиерната изведба на ова музичко дело од Филип Иванов, инспирирано од фантастичниот наратив на Андерсен, децата ќе ја проследат преку организирана посета од основните училишта.