Фестивалските настани се одржаа во Пустец и во Корча, а публиката уживаше во настапот на ансамбл Преспа, во претставите „ЈЗУ Европа” и „Лидија или се што знам за жените”, во извонредниот „Поетски Слем Македонија” и прекрасниот концерт на „Трио Џентлмен”.
Организатори на фестивалот кој е основан со цел заштита, развој и промоција на македонската култура во Албанија и поголема културна соработка меѓу двете земји се Здружението на Македонците со албанско потекло „Сонце“ – Скопје и актерот Едмонд Сотир.
Овој фестивал кој е најзначајниот и најголем културен настан за македонците во Пустец, во последните три години е вклучен во културната мапа на настани кои Министерството за култура на Албанија препорачува да се посетат.
Фестивалот се реализира со поддршка од Министерството за култура на Северна Македонија.