Бидете дел од обликувањето на иднината на креативните индустрии во Македонија!
Министерството за култура и туризам, Британскиот совет, УМПАКИ и Јавна соба ве покануваат на „Форум Скопје – Секторски консултации“, што ќе се одржи в понеделник, 25 ноември 2024 година, во 13:00 часот. Оваа работна сесија ќе ги собере креативните професионалци за да развијат клучни препораки за целиот креативен сектор во земјава.
За време на настанот, креативните професионалци ќе соработуваат со своите колеги на теми како што се:
• Градење нов идентитет преку големи културни настани;
• Зајакнување на комуникацијата во секторот (градење мрежа);
• Образование за креативни кариери;
• Подобрување на условите за креативна продукција.
Форумот ќе вклучи и видувања од експерти од Велика Британија, споделување на трендовите и на најдобрите практики од нивната креативна економија, проследено со фокусирани дискусии за утврдување 10 приоритети за креативниот сектор во Македонија.
Датум и време: 25 ноември во 13:00 часот
Место: Јавна соба, „50. Дивизија“ бр. 22, Скопје