Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денеска (7 декември) со свечена програма, ќе го одбележи својот патрон Свети Климент Охридски и 77-годишнината од основањето.
Од Библиотеката информираат дека е превидена богата програма, во чии рамки ќе биде полжено цвеќе во дворот на установата, пред споменикот на Свети Климент Охридски, а ќе се обратат и в.д. директорката на Библиотеката, Јелисавета Костадинова и на амбасадорот на Народна Република Кина, Кина Џанг Ѕуо. Проф. д-р Анета Серафимова ќе одржи беседа, а традиционално ќе бидат доделени и јубилејните награди за вработените во НУБ „Св. Климент Охридски”, како и наградата „Библиотека на годината”. Подготвена е и интерактивна изложба „Портрети“.