Во Македонскиот народен театар вечер (17 октомври) со почеток во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Бели ноќи“ работена според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.
Во оваа копродукција играат: Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трјаческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.
Првата реприза е закажана за 18 октомври.