Во МАНУ ќе се одржи промоција на тритомното издание „Кочо Рацин“

од admin_kult

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи промоција на тритомното издание „Кочо Рацин“, кое ги опфаќа деловите „Поезија“, „Проза и публицистика“ и „Животопис на Рацин“.

На промоцијата со поздравна реч по повод изданието ќе обрати академик Живко Попов, а уводна реч ќе има академик Катица Ќулафкова, главен редактор на изданието.

Промотори на тритомното издание на МАНУ „Кочо Рацин“ се: проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ и приредувач на првиот том; проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, приредувачка на вториот том и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, приредувачка на третиот дел од ова издание. Промоцијата ќе се одржи во 13:00 часот во амфитеатарот на МАНУ.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе