Во македонскиот КИЦ во Тирана свечено беше одбележана 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик 

од admin_kult

Со пригодна програма во македонскиот Културно-информативен центар во Тирана беше одбележан 5 Мај – денот кога во 1945 година е донесено решението за македонската азбука. Иако македонскиот јазик како самостоен и одвоен постои многу одамна, ваквите датуми се важен потсетник на клучните моменти во неговото официјализирање и неговата стандардизација.

Присутните ги поздрави Ема Попивода, директорка на КИЦ во Тирана. Инспиративни обраќања имаа и в. д. амбасадорот, г. Љуфтим Спахиу, како и амбасадорот на Хрватска, г. Крамариќ – истакнат македонист и поддржувач на македонскиот јазик и култура.

Проф. Славица Г. Свидерска, лектор по македонски јазик, и нејзините студенти од Факултетот за јазици при Универзитетот во Тирана прочитаа избор поезија на македонски јазик. 

Во рамките на настанот беше отворена и изложба на уникатен дизајнерски накит од Сташа Божиновска, инспириран од македонската азбука.

Настанот беше во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Албанија, КИЦ во Тирана и Лекторатот по македонски јазик.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе