Во Куршумли ан вечер (9 јули) ќе биде изведенатеатарската претстава за деца „Разгалениот принц“ во продукција на Театар Хит – Скопје. Автор и режисер на претставата е Сашо Ристовски. Играат:
Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски, Бранко Атанасов.
„Детската театарска претстава Разгалениот принц е детска комедија која изобилува со многу едукативни и педагошки елементи кои се од особено значење за децата. Претставата изобилува со одлична и богата сценографија, костими, како и музика која е соодветна на времето и просторот во кое се случува дејствието“, најавува организаторот.
Претставата е во рамките на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“.