На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово од денеска (1 јули) до недела (4 јули) ќе биде стациониран „Летниот карван на книгата“. Секој ден од 10 до 21 часот (со исклучок на петок кога ќе работат до 16 часот) на штандовите на неколку македонски издавачки куќи ќе бидат изложени изданија од светската книжевна продукција, како и дела од домашни автори.
Исто така, денеска во 20 часот, во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде одржано и книжевно претставување. Имено, ќе се одржи промоција на книгата „На враќање“ од Фросина Пармаковска. Промотор на најновото издание на Пармаковска е Душко Крстевски.