Во просториите на Културно-информативниот центар, Загреб во четвртокот (29 јуни) се одржа музичка вечер на која настапи реномираниот Скопски дувачки квинтет. Членови на овој состав се: Марија Јакимовска, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; Орце Ицковски, фагот и Александар Гошев, труба.
Скопскиот дувачки квинтет постои повеќе од четириесет години и претставува дел од една традиција на камерна дружба меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела. Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница како и дела од македонски автори, некои и специјално напишани за овој ансамбл.
Гостувал на реномирани домашни манифестации, но и во странство. Во 2019 година, овој состав ја доби наградата „Златна лира”, кое претставува највисоко признание на Сојузот на музички уметници на Македонија за животно дело и врвни уметнички посигнувања.
„Овие реномирани музичари ја воодушевија бројната публика. Присуствуваа нивни музички колеги од Љубљанска филхармонија, од Загрепската музичка акдемија и други љубители на музичката уметност. На концертот присуствуваше и амбасадорот, Милаим Фетаи“, информираат од КИЏ, Загреб.